САС на МПЦ-ОА му честиташе на Вартоломеј 35 години од изборот за Вселенски патријарх

Date:

Share post:

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија му упати честитка на Вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод 35-годишнината од неговиот избор за поглавар на Вселенската патријаршија.

Честитката била упатена на редовната седница на Светиот архијерејски синод (САС), одржана на 29 октомври 2026 година, во работен состав, на која биле разгледани повеќе прашања поврзани со црковниот живот, воспитно-образовните институции и случувањата во Помесните православни цркви.

Во честитката до Вселенскиот патријарх, Синодот му посакал добро здравје, мирни денови и уште многу години плодоносно служење на Црквата Христова.

Во работниот состав на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА членуваат архиепископот Охридски и македонски Стефан, митрополитот Струмички Наум и митрополитот Повардарски Агатангел.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img