Митрополит Никола се сретна со македонскиот амбасадор во Австралија

Date:

Share post:

Митрополитот австралиско-новозеландски Никола остварил средба со амбасадорот на Македонија во Австралија, Стојанче Китаноски, на 23 октомври, во епархиското седиште.

На средбата, амбасадорот бил запознаен со текот на градежните работи на соборниот храм, како и со плановите за неговото внатрешно уредување.

Во пријателска атмосфера, митрополитот Никола и амбасадорот Китаноски разговарале и за повеќе прашања од интерес за македонската заедница во Австралија, како и за можностите за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img