Српската министерка на Зебрњак зборуваше за „ослободување на татковината“: Косовскиот завет бил исполнет кај Куманово

Date:

Share post:

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, на одбележувањето на 114-годишнината од Кумановската битка, го нарече Зебрњак место на исполнување на Косовскиот завет и порача дека Србија никогаш нема да ги напушти Србите во Северна Македонија.

На свеченоста, на која присуствуваа и министерот во Владата на Македонија Иван Стоилковиќ, делегација на Војската на Србија, дипломатски претставници и претставници на српската заедница во земјава, Ѓурѓевиќ Стаменковски ја поврза Кумановската битка со Косовскиот завет.

„Газиместан, Косово Поле, беше родното место на Косовскиот завет, а ова место, Зебрњак, е местото на исполнување на Косовскиот завет“, порача српската министерка.

Во обраќањето, таа ја истакна Кумановската битка како еден од најзначајните настани во српската историја и симбол на храброста, единството и вербата на српскиот народ во слободата.

„Зад секоја историска победа се наоѓаат човечки судбини и огромна жртва“, истакна министерката, потсетувајќи на мајките што ги изгубиле синовите, жените што не ги дочекале сопрузите и децата што не ги запознале своите татковци.

Посебен дел од нејзиното обраќање беше посветен на спомен-костурницата на Зебрњак, чија кула била разурната за време на бугарската окупација во 1942 година.

„Таа кула ја нема повеќе во материјална смисла, но ја има во нашето сеќавање, а ја има и во нашиот завет да ја вратиме таа кула на Зебрњак. Нашите гробови и нашите светилишта никогаш нема да дозволиме повторно да ги рушат. Ние ќе ги обновуваме и ќе ги чуваме“, порача Ѓурѓевиќ Стаменковски.

„Границите се менуваа, но меѓу Србија и Македонија никогаш нема да има ѕид што нашата љубов нема да го урне. Секогаш ќе бидеме родени браќа, најдобри браќа и пријатели, соборци и сојузници“, рече таа.

Обраќајќи им се на Србите што живеат во Македонија, Ѓурѓевиќ Стаменковски им се заблагодари за зачувувањето на српскиот јазик, кирилицата, традицијата и националниот идентитет, ветувајќи дека Србија нема да ги заборави.

„Србија ве сака, Србија ве чува и Србија никогаш нема да ве напушти. Но, ве повикувам и вие никогаш да не ја заборавите својата Србија, да не ја напуштите својата мајка дури и тогаш кога ѝ е тешко“, порача српската министерка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img