На празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан вчера служеше Света Литургија во храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје.
Со празничната богослужба беше одбележана и една година од осветувањето на храмот.
На Светата Литургија, во чин ѓакон беше ракоположен чтецот Дарко Мартиновски.
Празничното богослужение собра верници во храмот, а со одбележувањето на годишнината од осветувањето продолжи црковниот живот во храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена.





