Молебен во Радовиш за успешен почеток на новата учебна година

Date:

Share post:

Во храмот „Св. Троица“ во Радовиш беше отслужен молебен по повод почетокот на новата учебна година.

На молитвата беа упатени благослови за сите ученици, со желба Бог да им помогне во нивното образование, да им даде мудрост и успех во учењето, како и здравје и духовна сила во текот на учебната година.

Од храмот упатија порака до учениците со желби за среќна, успешна и плодна учебна година, со надеж дека започнатото образование ќе го завршат успешно и со Божја благодат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img