Откриени подземни тунели под Света Софија во Истанбул – долги се околу 9 километри

Date:

Share post:

Подземните премини под „Света Софија“ во Истанбул, за чие постоење со години се раскажуваат различни приказни, се потврдени од турските власти. Според турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, документирани се делови од тунелски систем со вкупна должина од околу девет километри.

Како што пренесува Orthodox Times, Ерсој изјавил дека веќе започнале работите на чистење и реставрација на достапните делови од подземните премини. На неколку места пристапот е оневозможен поради уривања.

Турскиот министер најавил дека по завршувањето на работите ќе се процени кои делови се соодветни и безбедни за евентуално отворање за посетители.

Ерсој на подземните премини се осврнал и во февруари годинава, кога соопштил дека се документирани тунели за кои се проценува дека датираат од пред околу 1.600 години.

Во исто време, во „Света Софија“ продолжуваат реставраторските, конзерваторските и конструктивните зајакнувања на објектот. Ерсој ги опишал работите како најсеопфатна интервенција на објектот во историјата на Турската Република, со цел негово зачувување и пренесување на идните генерации.

Досега се завршени реставраторските работи на гробниците, Детското училиште, Саат-кулата и подот на тремот, како и конструктивното зајакнување на североисточното минаре.

Продолжуваат и конструктивното зајакнување и конзервацијата на мозаиците на главната купола. За куполата е поставен привремен метален покрив и заштитен систем, а преку специјална платформа во внатрешноста се спроведуваат документација, чистење и конзервација на мозаиците.

Според Ерсој, во текот на конструктивните анализи била утврдена и потреба од зајакнување на источната полукуполa. Во овој дел, покрај зајакнувањето на потпорниот систем, ќе започне и нова фаза на конзервација на мозаиците, насликаните декорации и мермерните површини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img