Нов чекор кон зачувувањето на полошкиот манастир св. Ѓорѓи

Date:

Share post:

Во периодот од 6 до 9 јули 2026 година два стручни тима од Националниот конзерваторски центар ги реализираат конзерваторските истражувања во црквата Св. Ѓорѓи во Полошкиот манастир со цел изработка на проектите за конзервација и реставрација на архитектурата и на ѕидното сликарство на едно од најзначајните недвижни културни добра во Македонија.

Сместен на брегот од Тиквешкото Езеро и достапен исклучиво по воден пат, Полошкиот манастир претставува редок спој на природна убавина, духовност и вековна историја.

Раководител на проектот за архитектурата: м-р Цветанка Хаџи Пецова, дипл. инж.арх. – советник конзерватор.

Раководител на проектот за ѕидното сликарство: д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор.

Во истражувањата учествуваат и м-р Владо Муковски, сликар – советник конзерватор, д-р Лидија Робева Чуковска, дипл. хем. инж. – конзерватор советник, д-р Мишко Тутковски, историчар на уметноста – советник документатор, м-р Луиза Невзати, дипл. инж. арх. – виш конзерватор, Орхан Османи, графичар – конзерватор и проф. д-р Сергеј Чурилов, градежен инженер, обединувајќи различни стручни и научни профили во заедничка мисија, а тоа се проучувањето, конзерваторските истражувања и заштитата на ова исклучително значајно културно добро.

Особено значајно е што сегашните истражувања претставуваат продолжение на процес започнат пред повеќе од една деценија. Уште во 2013 година д-р Јехона Спахиу Јанчевска ја подготви апликацијата за номинација на Полошкиот манастир за World Monuments Fund (WMF), со што беше вклучен во меѓународната листа World Monuments Watch (WMW) за 2014 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img