Прославата од Бигорски го привлече вниманието во Православниот свет

Date:

Share post:

Прославата на патрониот празник – Рождеството на свети Јован Крстител во Бигорскиот манастир доби внимание и во грчките православни медиуми. Престижниот црковен портал „Вима Ортодоксиас“ објави опширен извештај за свеченостите, оценувајќи дека овогодишната манастирска слава добила историско значење поради присуството на цивилниот гувернер на Света Гора, Алкивијадис Стефанис.

Според порталот, ова е прва посета на цивилен гувернер на Света Гора на Бигорскиот манастир, што братството го оценило како историски момент кој дополнително ги зацврстува духовните врски меѓу Бигорски и Света Гора.

Во поздравното обраќање, игуменот на манастирот, епископот Антаниски Партениј, истакнал дека присуството на Стефанис претставува нова страница во историјата на манастирот и симболично ја потврдува духовната поврзаност со Света Гора.

На богослужбите учествувале и повеќе духовници од Црквата на Грција и Света Гора, меѓу кои архимандритите Матеј, Продромос и Филарет, протојерејот Темистокле, јероѓаконот Хризостом, како и светогорскиот старец Антипа.

Во текот на свеченоста беше поздравено и учеството на хорот „Нектариј Протопсалт“ од Букурешт, кој го збогати празничното бдение со византиско црковно пеење.

„Вима Ортодоксиас“ наведува дека односите меѓу Бигорскиот манастир и светогорските манастири традиционално се блиски, со редовни братски посети и духовна соработка.

Во своето обраќање, Алкивијадис Стефанис изразил благодарност за гостопримството и истакнал дека долго време посакувал да го посети Бигорскиот манастир, за кој, како што рече, слушал многу за неговата духовна мисија, обновата, прочуениот иконостас, чудотворната икона на свети Јован Крстител и работата на братството со младите.

Тој рекол дека силен впечаток кај него оставиле побожноста на верниците и присуството на голем број светогорски монаси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img