Митрополитот Кумановско-осоговски Григориј отслужил панихида за четвртиот поглвар на МПЦ-ОА, архиепископот Михаил.
Панихидата била отслужена вчера во Митрополитскиот соборен храм „Свети Никола“ во Куманово.
-Блажено успение и вечен покој подај му, Господи, на Твојот раб, Архиепископот Михаил, и направи споменот за него да биде вечен, пишува во објавата на епархијата на Фејсбул.
Михаил почина на 6 јули 1999 година. Беше еден од највечатливите погавари на МПЦ-ОА од нејзиното возобновување.
Според јавно достапните информации, на 27 годишнината од неговата смрт, се сети единствено Кумановско-осоговската епархија.
Михаил бил меѓу првите мисионери во Австралија, во првата македонска православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици.
Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија и одговорен уредник на службениот лист на МПЦ – „Весник“. За архијереј бил хиротонисан на 25 декември 1988 година.
За архиепископ беше избран црковно-народен собор на 4 декември 1993 година, во Соборниот храм на Охридската архиепископија – Света Софија.

