„Продолжувајќи го просветителното дело на Светите Методиј и Кирил, рамноапостолни, преподобниот Јован Рилски, Светиот Ефтимиј Трновски и другите ревносни работници на Христовиот Лозје, се стремите да ги зајакнете Божјите деца што ви се доверени во спасителната православна вера, која ги обединува нашите народи уште од античко време.“ Ова му го напишал Рускиот патријарх Кирил на Бугарскиот патријарх Даниил во честиката за двегодишнината од неговиот избор за поглавар на БПЦ.

Во честитката Рускиот патријарх пишува: „Повикани од колективната мудрост на бугарското православие на возвишената и одговорна служба на поглавар, вие го управувате бродот на Црквата со ревност за слава Божја и покажувате во себе пример на добри дела, чистота, достоинство и чесност во вашето учење како и искрена татковска љубов кон вашето стадо.“
Истовремено Кирил искажал и изкрена благодарност за поддршката на БПЦ за Украинска православна црква.

