Македонија доби оценка умерена во однос на религиски ограничувања – Бугарија и Грција во групата со високо ниво на владини ограничувања

Date:

Share post:

Македонија е оценета како умерена држава во однос на религиските ограничувања во општеството во најновиот извештај на американскиот истражувачки центар Пју, Повеќе од една деценија овој истражувачки центар ги следи глобалните модели на ограничувања врз религијата – без разлика дали се наметнати од влади или од поединци или социјални групи.

Во истражувањето се опфатени 198 земји и територии, а истражувањето следи движења на два индекси. Индекс на владини ограничувања (GRI) и Индекс на социјални непријателства (SHI).

Во 2023 година Македонија и во двата индекса има оценка умерено, GRI Индекс 3.5, а SHI Индекс 3.1. Во 2022 година GRI индексот бил 4, а SHI индексот 1.5.

Од регионот во групата со умерен ризик влегуваат и Босна и Србија, додека кај Бугарија и кај Грција е забележан висок индекс на GRI. Албанија пак има најниско ниво на ризик и кај двата индекса.

Според истражѕвањето во 2023 година, Израел, Пакистан и Сирија имаа „многу високи“ нивоа на ограничувања поврзани со религијата и на GRI и на SHI индексите.

Во Пакистан, владата уапси 140 лица под обвинение за богохулство поврзано со објави на социјалните медиуми. А лидерите на религиозните малцински групи како што се Ахмади муслиманите, христијаните, хиндусите и сиките рекоа дека членовите на нивните групи се соочуваат со дискриминација од страна на владата.

Бројот на жртви на насилство во земјата се зголеми бидејќи вооружени секташки групи извршија бомбашки напади врз верски цели, вклучувајќи џамија (над 100 смртни случаи во јануари) и поворка на сунитски муслимани (над 50 смртни случаи во септември).

Резултатот на Израел во SHI делумно се зголеми поради нападите на Хамас и други милитантни групи во земјата на 7 октомври, што доведе до околу 1.200 смртни случаи тој ден и над 200 киднапирања. Исто така, христијанските лидери во Израел рекоа дека има зголемени напади врз нивното свештенство и имот од страна на еврејски екстремистички организации.

Оценката на GRI на Израел го одразува ограничениот пристап (од страна на неговите безбедносни сили) до Харам ал-Шариф/Храмовата Гора, место значајно и за муслиманите и за Евреите, по 7 октомври. И порано во годината, израелската полиција насилно влезе во џамијата Ал-Акса двапати во текот на месецот Рамазан за да растера големи толпи верници. Полицијата употреби шок-бомби и друга сила за да влезе во џамијата и да ги растера луѓето за кои рече дека се бунтовници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img