Целото монашко братсво на Бигорскиот манастир, заеднио во игуменот, владиката Партениј биле во тридневно поклоничко патување на познатите манастири од Светите Метеори. Од 3 до 5 јуни ги посетиле нјзначајните манастири каде домаќините ги примиле со големи почести.
-Во четвртокот утрото, на 4 јуни, ја посетивме првата светиња од нашето поклоничко патување –манастирот на Свети Стефан, единствен меѓу метеорските манастири којшто не се крие на врв на непристапна карпа, туку, на јужниот раб над Каламбака, се отвора кон поклоникот преку едно мало камено мовче. Како светиот Првомаченик чиешто име го носи да сакал да биде поблиску до луѓето, на дофат на секого, посочуваат од Бигорски.
-Игуменот на Големиот Метеор, старецот архимандрит г. Нифонт, нѐ пречека со голема љубов, а на нашиот старец, во знак на добредојде, му подари архиерејски жезол. Се поклонивме на моштите на светите ктитори, како и на бесценетите светињи на обителта: моштите на светите Василиј Велики и Јован Златоуст, чесната глава на великиот монашки учител – преподобниот Јован Лествичник, моштите на светиот Пантелејмон и на раката на света Параскева. Пред нас засветли и главната, чудотворна икона на Пресвета Богородица Метеоритиса. Старецот Нифонт нѐ почести и со предавање за историјата на обителта, по што нѐ поведе низ прекрасниот музеј, со древни ракописи, свештени садови, икони и одежди – сведоштва на шест века непрекинато монашко присуство, потенцираат од бигорското братство.
Во петокот на 5 јуни, монасите биле во посета на древниот, византиски соборен храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Каламбака, каде ги пречекал митрополит Стагиски и Метеорски Теоклит, кој на Партениј му подарил архиерејска патерица и панагија.
-Монахољубивиот митрополит, и самиот монах од својата 15 година, лично ни ја раскажа историјата на овој свештенолепен храм: подигнат врз темелите на постаро незнабожечко светилиште, тој станал христијански уште во првите векови, и до денес ги чува своите древни мозаици, како и единствениот мермерен амвон поставен во самата средина на храмот – реткост во православниот свет, и камениот балдахин над чесната Трпеза од истото античко време. Да стоиш во таков храм значи да стоиш на самиот зглоб на историјата: таму каде што некогаш се принесувале жртви на идолите, со векови се принесува бескрвната Жртва на вистинскиот Бог во Троица, велат од Бигорски.
Делегацијата на МПЦ-ОА на ова поклоничко патување била со благолов на надлежниот митрополит Георгиј.










