Претставници на Македонците од Албанија на средба со архиепископот Јован зборувале за црквите во македонските села

Date:

Share post:

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај имал средба со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Јован.

-Големо задоволство беше да се сретнам со г.г. Јован, што е наша прва средба по неговиот избор. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.

Во исто време го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуват припадниците на македонско национално малциство во Република Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво.

Станало збор и за состојбата на православните храмови, посебно во населените места со Македонци, но и онаму каде поради напуштање на родните места нив ги има во многу мал број.

Ѓурѓај, во знак на благодарност за приемот му подарил на Јован, икона со ликот на Исус Христос,  како симбол на христијанството на кои припаѓаат двата народа, дар од епископот Антаниски Партениј, од Бигорски манастир.

Архиепископ Јован, пред да биде избран  на оваа должност, беше прв човек  на митрополијата во Корча.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img