Митроплитот на Ерусалимската патријаршија, Тимотеј, кој служеше со архиепископот Стефан во Скопје, бил гостин на Струмичката епархија.
Како негов домаќин го пречекал митрополитот Струмички Наум. Заедно со викарниот епсикоп Јаков, гостите од Ерусалимската патријаршија ги посетиле црквите и манастирите на Струмичката епархија. Се запознале и со активностите на монахињите и монасите, како што се изработката на икони, а имале и заеднички разговори.
Митрополитот Тимотеј, заедно со верници од Кипар е на поклоничко патување во Македонија. Тој е митрополитот на Вострон, на Ерусалимската патријаршија и Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар.













