Порфириј честиташе Курбан Бајрам

Date:

Share post:

Патријархот Порфириј на Србија, во име на Српска православна црква и во свое лично име, упати срдечни честитки до сите муслимани по повод претстојниот празник Курбан Бајрам.

Во својата порака, патријархот Порфириј ги пренесе своите искрени желби „Семилостивиот Создател да им подари благослов и духовна сила“, и големиот празник да го прослават заедно со своите блиски „во мир, здравје и благосостојба“.

Патријархот понатаму изрази надеж дека деновите на Курбан Бајрам, вдахновени од непоколебливата вера на праотецот Авраам, ќе ја зацврстат верата во Бога и ќе бидат исполнети со разбирање и меѓусебна почит, „во духот на возвишените традиционални вредности што ги носи овој празник“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here