Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи панче Тошковски, кои веќе една недела се во посета на САД, присуствуваа на воскресна литургија во црквите на македонската заедница во Њу Џерси.
„Денешниот празничен ден го поминав помеѓу нашите иселеници во Њу Џерси, САД, каде ги посетив македонските православни цркви „Св. Никола“ и „Св. Кирил и Методиј“. Имав средби исполнети со топлина, заедништво и искрена љубов кон татковината, која нè обединува без разлика на далечината“, објави Тошковски кој сподели и фотографии на социјалните мрежи.
Присуството меѓу нашите иселеници на овој голем празник е силна порака за поврзаноста со дијаспората и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет. Христос воскресе! Честит Велигден!, напиша на Фејсбук Муцунски.





