Смислата на книжевноста е темата на новата епизода од поткатстот Смисла, со отец Бобан и сестра Ефимија.
За катарзата и конзервативната авангарда. Зошто воопшто читаме во свет кој брза и заборава? Дали книгата е само хартија со мастило или огледало во кое се плашиме да погледнеме?
Ова се само дел од дилемите и прашањата на кои разговараат отец Бобан и сестра Ефимија, со еден од најзначајните македонски писатели и мислители, проф. д-р Венко Андоновски.
Со него ја дешифрираат моќта на пишаниот збор и неговото влијание врз човечкиот разум и морал.
Дали читањето е чин на забава или суштинска потреба за опстанок на духот? Како големите класици ги предвидоа нашите денешни внатрешни кризи? Што претставува конзервативната авангарда и зошто овој концепт ни е потребен за да ги зачуваме вредностите во модерното време? Разговор кој не нуди само одговори, туку отвора нови прашања за смислата на постоењето низ страниците на вечните дела.

