Вартоломеј: Патријархот Илија остави големо духовно и национално наследство

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј со длабока почит и емоции се прости од починатиот патријарх на Грузија, Илија II, нагласувајќи ја неговата исклучителна улога во црковниот и општествениот живот на земјата.

Обраќајќи се пред претставници на православните цркви, политичкото раководство и граѓаните на Грузија, патријархот Вартоломеј ја истакна големината на загубата. „Како да не тагуваме длабоко пред заминувањето на човек со таков углед, етос, значење и богоугоден живот“, рече тој, осврнувајќи се на ликот и делото на Илија.

Тој посочи дека Грузиската православна црква останала без својот мудар и достоен пастир, додека нејзината јерархија го изгубила „својот прв јерарх, богат со божествено знаење и пастирско искуство“. Воедно, нагласи дека и државата изгубила „мудар советник“ и „промотор на мирот и единството“.

Посебно место во обраќањето имаше грузискиот народ, за кој Вартоломеј истакна дека останал „без грижлив татко“, кој до последниот момент бдеел за нивното духовно зајакнување и благосостојба.

Вселенскиот патријарх ја подвлече и уникатната улога на Илија II, оценувајќи дека „никој од нашето време не го поврзал своето име толку тесно со Грузија, Црквата и народот“.

Во заклучок, тој го опиша починатиот патријарх како „вистински столб на Црквата и татковината“, кој својата служба ја обележал со љубов, посветеност и постојана грижа за својот народ.

За потсетување, Вселенскиот патријарх пристигна напладне во Тбилиси со приватен лет, каде што беше пречекан од митрополитот Герасим од Зугдиди и Цаиши и епископот Мелхиседек од Марнеули и Убиси, во име на Грузиската православна црква.

Во име на државата, на пречекот присуствуваше заменик-министерот за надворешни работи Александар Хвтисиашвили. Почести му беа оддадени и од почесна гарда на вооружените сили на Грузија.

Потоа, патријархот Вартоломеј се упати кон соборниот храм „Света Троица“, каде што беше пречекан од митрополитот Шио, кој ја извршува должноста местобљустител на патријаршискиот престол. Таму тој оддаде почит на починатиот патријарх и положи венец од бели рози.

За време на кратката посета, Вартоломеј оствари средби со Бугарскиот патријарх Даниил, кој беше придружуван од митрополитот Ловчански, Гаврил, како и со Албанскиот архиепископ Јован, со Ростислав, претстојател на Црквата на Чешка и претставници на Помесните праославни цркви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img