СПЦ тврди дека е под софистицирани напади

Date:

Share post:

Српската православна црква тврди дека е под софистицирани медиумски напади и отворена антицрковна хајка. Таков став донел стручн тим на Српската Православна Црква, кој од почетокот на годинава, а особено за празникот на Свети Сава, првиот српски архиепископ, утврдил „низа вешто организирани и софистицирани напади врз различни медиумски ресурси на Српската Патријаршија, кои се одвиваат паралелно со отворена антицрковна хајка преку поединечни печатени и електронски медиуми.“

-Информативната служба на Српската Православна Црква и во новонастанатите околности ги продолжува сите свои активности според одамна утврдениот медиумски програм на Црквата, најдобро изразен со зборовите што Господ им ги упати на Своите ученици: „Она што ви го зборувам во темнина, кажувајте го на виделина; и она што ви се шепоти на уши, проповедајте го од покривите!“, стои во соопштението на СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here