Српскиот патријарх Порфириј ги прими во Патријаршиската палата во Белград српските ватерполисти кои го освоија првото место на Европското првенство, што се одржа во Белград.
„Со најголема радост, денес ги угостив нашите златни момчиња, европски шампиони во ватерполо“ – напиша Патријархот на својот Инстаграм профил.
По освојувањето на првото место и златниот медал на Европското првенство во ватерполо, одржано во Белград, Порфириј веднаш испрати честитка до селекторот Урош Стевановиќ и до репрезентацијата на Србија. Во пораката, тој ја истакна не само спортската победа, туку и однесувањето на екипата, нагласувајќи дека успехот е причина за радост на целиот српски народ. Тој посебно го пофали фер-плејот и, како што наведе, витешкиот дух што играчите го покажале за време на првенството.
Во таа прилика, патријархот упати и покана до репрезентацијата за заедничка благодарствена молитва, повикувајќи ги освоеното европско злато да го одбележат во храмот Свети Сава, со благодарност до Бога за постигнатиот успех и дарот што им е даден.

