„Викенд за православна инклузија“ со фокус на LGBTQ+ прашања

Date:

Share post:

Центарот за православни христијански студии при Универзитетот Фордхам во Њујорк најави одржување на вториот по ред „Викенд за православна инклузија“, настан посветен на прашања поврзани со LGBTQ+ лица во православниот контекст.

Настанот беше најавен на социјалните мрежи од директорот на Архивот на Православната архиепископија во Америка, Аристомениc Пападимитриу. Во објавата се наведува дека целта на викендот е да отвори простор за разговор, молитва и заедништво, со акцент на искуствата на православни христијани кои се идентификуваат како LGBTQ, како и на нивните семејства и пријатели. Организаторите засега не објавија точен датум и локација на настанот, наведувајќи дека заинтересираните можат да се обратат директно до Центарот за православни христијански студии при Фордхам.

Центарот е познат по својата долгорочна академска и јавна ангажираност со теми поврзани со сексуалноста, родот и идентитетот во православното богословие и општествениот контекст. Тој е и покровител на платформата Public Orthodoxy, која од своето основање во 2015 година дава простор за разговори и изнесување ставови што предизвикуваат реакции во православната јавност, особено поради интерпретации кои дел од верниците и богословите ги сметаат за несогласни со традиционалното црковно учење.

Во изминатите години, Центарот реализираше и низа меѓународни проекти и конференции на оваа тематика, вклучително и академски истражувања за односот меѓу православниот идентитет и современите дебати заLGBTQ правата.

Најавениот викенд се вклопува во пошироката програма на Центарот за 2026 година, кој во февруари планира и заеднички настан со семинаријата „Свети Владимир“, посветен на споменот на отец Џон Мајендорф.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img