Црква во Вашингтон бележи раст од 2.000 проценти, младите масовно се враќаат

Date:

Share post:

Една црква во американската престолнина Вашингтон пријавува драматичен пораст на посетеноста во последните седум години, при што раководството наведува дека главниот двигател на овој тренд се припадниците на генерацијата Z и милениумците (т.н. генерација Y, односно млади родени меѓу раните 1980-ти и доцните 1990-ти).

Според пасторите на King’s Church DC, бројот на верници е зголемен за околу 2.000 проценти од 2018 година наваму. По неколку години со минимален раст, заедницата денес брои речиси 600 членови и редовно собира меѓу 600 и 700 присутни на неделните богослужби.

Црквата е основана во 2018 година, а во првите две години имала од 30 до 50 посетители. Значителниот пресврт започнал во 2020 година, за време на пандемијата на Ковид-19, кога заедницата одлучила да продолжи со отворени богослужби. Во таа година бројот на присутни пораснал на околу 150, а растот продолжил и во наредните години, достигнувајќи околу 650 посетители во 2025 година.

Пасторите велат дека токму во периодот на пандемијата забележале масовен прилив на млади луѓе, од кои многумина дотогаш немале сериозен однос кон верата. Според нив, процесот добил карактеристики на континуиран духовен подем, со десетици нови верници секоја година.

Дополнителен бран на посетеност, особено меѓу младите мажи, бил забележан по убиството на Чарли Кирк во септември минатата година. Пасторите наведуваат дека дел од младите кои започнале да доаѓаат во црквата по тој настан биле длабоко потресени и во потрага по смисла, стабилност и одговори на егзистенцијални прашања. Во неколку случаи, тој процес резултирал и со крштевки.

Според свештенството, една од клучните причини за интересот на помладите генерации е чувството дека растат во свет лишен од јасна смисла и стабилни вредности. Тие, како што велат, се соочуваат со притисок сами да си ја изградат сопствената идентичност и значење, што често се покажува како товар што не можат да го носат.

Пасторите посочуваат и на силната потреба од заедништво. Иако младите се технолошки поврзани, сè повеќе сфаќаат дека дигиталните платформи не можат да ја заменат вистинската човечка блискост. Црквата, покрај богослужбите, нуди и мали групи што се собираат по домовите, како и различни активности насочени кон градење на заедница.

Истражувања објавени минатата година покажуваат дека припадниците на генерацијата Z посетуваат црковни служби почесто од постарите генерации. Податоците укажуваат дека токму младите се најредовни во богослужбениот живот, што за дел од пасторите претставува показател за поширок процес на враќање кон верата и религиозната практика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img