Турската агенција за соработка и координација, владин оддел на министерството за Култура и туризам на Турција, досега инвестирала во над 1.500 проекти во Македонија. Меѓу приоектите се и реставрациии на 15 џамии, меѓу кои Мустафа Паша џамијата, Султан Мурат џамијата, Алаџа џамијата, Хусеин Шах џамијата и Исак Челеби џамијата.
Овие податоци ги објави ИВЗ, во соопштението за посетата на поглаварот Шакир Фетаи на Турција и средбата со директорот на генералната дирекција на ТИКА.
Поглаварот на ИВЗ, на средбата, изразил благодарност за континуираната поддршка што ТИКА досега ѝ ја дава на Исламската верска заедница и на заедничкото културно и верско наследство и посочил дека и во иднина институционалната соработка ќе продолжи со уште поголем интензитет и ќе се подигне на повисоко ниво.
-Реисул-Улемата ја изрази својата искрена благодарност за одличната работа на ТИКА, особено за придонесот во реставрацијата на џамиите и Медресата, истакнувајќи дека благодарение на оваа поддршка Медресата денес претставува една од најсовремените образовни институции во земјата. Оваа соработка потврдува сериозно и одржливо партнерство, изградено врз доверба и институционална одговорност. Исламската верска заедница останува посветена на продлабочување на овие односи, во служба на наследството, општеството и идните генерации, стои во соопштението на ИВЗ.
Заедно со Шакир Фетаи, во турција биле и муфтиите на Тетово, Штип и Битола.

