Шест епископи на СПЦ ги поддржаа студентите

Date:

Share post:

Шест епископи на Српската православна црква испратија писмо до патријархот Порфириј, во кое истакнаа дека ги поддржуваат студентите и се оградуваат од пораката на митрополитот Давид, кој во авторски текст, објавен на веб-страницата на Крушевачката епархија и СПЦ, ги спореди студентите со усташи.

Митрополитот црногорско-приморски Јоаникије, митрополитот Жички Јустин, архиепископот диселдорфско-берлински и митрополитот германски Григорије, епископот западноамерикански Максим, епископот источноамерикански Иринеј, како и епископот захумско-херцеговски Димитрије испратија писмо до патријархот Порфириј, во кое истакнаа дека студентите се иднината, јасно и недвосмислено нагласувајќи дека Црквата не смета дека тие се „српски усташи“.

„Како архијереи на Српската Православна Црква, чувствуваме должност јавно да го изразиме нашето несогласување и дистанцирање од секој говор што го дехуманизира другиот човек, а особено од говор што ги потценува младите луѓе, студентите, како фактор во изградбата на општеството, како фактор што придонесува за неговата иднина, или што ги понижува како оние кои се повикани да размислуваат и да ја бараат вистината. Христовата Црква, како избран народ и дом на Живиот Бог, постои во секое време за да ги води сите луѓе кон спасение преку љубовта. Историјата нè учи дека секој говор што го поништува достоинството на другиот води кон големи општествени трагедии, а ние, како пастири, не смееме да дозволиме таквата реторика да заземе замав во нашиот народ и во Црквата. Зборот служи за разбирање. Тој е сила и темел на промените и мора да биде автентичен за да остане верен на самиот себе. А ние, како христијани, живееме сведочејќи го Зборот што е самиот Бог“, нагласуваат потписниците на писмото.

Во своето обраќање до патријархот Порфириј, епископите истакнуваат дека се уверени оти денес не е оправдано да се биде епископ на Српската Православна Црква, а да се молчи за зборовите што митрополитот Давид им ги упати на студентите, зборови што тие ги опишуваат како „зборови што покажуваат нечувствителност и негрижа за Телото на Црквата“.

„Нивната дехуманизирачка природа бара веќе да не молчиме. Српскиот народ, кој ја преживеа голготата на усташкиот терор, е свесен дека ваквата идентификација на кое било лице со еден таков монструозен режим никогаш повеќе не смее да се спроведува, пред сè од пиетет и почит кон жртвите. Но, исто така – определувањето на нашата младина со вакви зборови е повеќе од срам – тоа е срамен белег врз Телото на Црквата. Студентите се нашата иднина, а нашата должност е со љубов и разбирање, дури и ако некаде грешат, да ги насочуваме кон Вистината, а не да ги отфрламе и понижуваме. Само со таков пристап можеме да го зачуваме единството, слободата и достоинството на секој човек, што е суштината на православната вера и етосот на нашата Црква и светосавската аксиологија“, се нагласува во писмото.

Епископите истакнуваат дека поради сè наведено не смеат мирно да стојат настрана.

„По ваквите изјави, кои се објавени и на официјалната страница на Српската Православна Црква, сакаме јасно и недвосмислено да соопштиме дека нашата Црква не смета дека нашите студенти се ‘српски усташи’. Бидејќи токму ваквиот речник, со истовремено укинување на слободата да се слушнат и поинакви гласови на официјалното гласило на Српската Православна Црква, доведе до тиранија на бахати и навредливи зборови, изговорени без одговорност. Секој слободен човек се бори за она во што верува дека е вистинито, се бори така како да неговото дејствување може да влијае врз текот на настаните, дури и ако тоа не се случи, но секогаш воден од правилото да не објавува или изговара ништо што би можело да поттикне омраза. Токму таа лекција ни ја предаваат студентите овие денови. Не можеме повеќе да бидеме рамнодушни или да ја игнорираме патњата на другиот, како Јововите пријатели, живеејќи во замисли и реторика за космичката праведност, туку мораме да бидеме иницијатори и следбеници на добрината и правдата за секој поединец, а особено за нашата младина.“ Се обраќаме и до нашите браќа архијереи со молба да не дозволат ваквиот јазик да стане нешто нормално и вообичаено. Воедно, молиме конечно да се преиспита уредувачката политика на официјалната интернет-страница на Српската Православна Црква, бидејќи е неопходно таа да ја изразува соборноста на нашата Црква, нејзиниот глас и нејзината мајчинска грижа. На крај, неопходно е да се сетиме на Христовите зборови дека човек не живее само од леб, „туку од секој збор што излегува од устата Божја“, односно од устата на Христос, кој е самата Љубов. Милосрдие. Влегуваме во Великиот Пост со надеж дека овој несакан настан ќе нè разбуди за заеднички да ја зачуваме Црквата како Телото Христово – не за тиранија, туку за спасение на сите нас“, се напоменува во дописот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...

Архиепископот Стефан ги освети темелите на нов храм во Драчево

На 8 ноември 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги освети темелите за изградба...