Руска црковна делегација во Белград

Date:

Share post:

Шефот на руската црковна дипломатија, митрополитот Антониј и десната рака на рускиот патријарх, Николај Балашов, биле во посета на Српската павославна црква. Антониј и Балашов, разговарале со патријархот Порфириј, а имале и заедничка литургија.

Како што објави СПЦ, на средбата присуствувал и бачкиот епсикоп Иринеј, а тема на разговорот била состојбата во која се наоѓа Православната црква. Иако нема детали од разговорите, сепак СПЦ објави дека Порфириј имал и телефонски разговор со патријархот Кирил. Двајцата патријарси изразиле надеж за брзо и мирно решавање на конфликтите и антагонизмите.

Инаку, религија.мк, дознава дека во истиот период кога руската црковна делегација е во Белград, таму отпатувала и македонска цековна делигација на митрополиткско ниво.

Нема информации дали делегацијата на МПЦ имала средба со претставниците на РПЦ и СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here