На местото на Стариот суд во Струмица ќе се гради Митрополија на Струмичката Епархија

Date:

Share post:

Советот на Општина Струмица едногласно ја усвои Предлог – одлуката за давање на трајно користење на објектот на Стариот суд на Струмичката православна епархија со цел да се изгради Митрополија.

Градоначалникот Костадин Костадинов образложувајќи ја одлуката зад која што застанаа сите советници, рече дека со ова, струмичката епархија конечно ќе добие свој објект Митрополија.

„Ова навистина е важен момент за Струмица и важен момент за одлуките на Советот којшто верувам во духот на единството и во духот на поддршката на вистинските вредности коишто ги негува и штити Струмица, а ќе биде нескромно да не се спомне под силната закрила на Православната црква, а особено на Струмичката епархија, но мора да признаеме дека сме една од ретките Општини, една од ретките епархии коишто немаат своја Митрополија и тоа мораме да го корегираме“ – рече Костадинов.

Општината ги обезбеди заштитно-конзерваторските извештаи, изготвен е проект, како и пресметка и за рушење и за градење на Митрополијата. Според Костадинов за рушење на објектот потребни се 1.404.962 денари, а изградбата на Митрополијата согласно пресметките ќе чини 31.257.631 денари.

Струмичката православна епархија во реализирањето на проектот и изградбата на новиот објект кој ќе биде идентичен на постоечкиот, ја очекува поддршката од општествено одговорните компании и од локалните власти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Во Гана отворена православна теолошка школа

Со свечена церемонија по неделната литургија во катедралниот храм „Преображение Христово“ во главниот град на Гана, Акра, беше...

Голема теолошка конференција во Кореја за Првиот вселенски собор

Во четврток, на 6 ноември 2025 година, на Теолошкиот семинар на Кореја (Korea Theological Seminary) во градот Чеон-Ан,...

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...