Уште еден руски свештеник расчинет поради тоа што се молел за мир, а не за победа на Путин

Date:

Share post:

Отец Андреј Кудрин од Москва е уште еден свештеник на Руската православна црква кој е расчините заради молитва за мир меѓу Украина и Русија. На 10 јули московскиот епархиски суд го лиши од чинот бидејќи тој на литургиите читал молитва за помирување на народите на Русија и на Украина, наместо официјално прогласената од Московскиот патријарх молитва „за победа на светата Русија“, со која се искажува лојалност кон режимот на Путин.

Отец Андреј има 52 години и е 28 години свештеник со широка мисионерска дејност во својата средина.

Руската црква ја воведе во литургиите молитвата „за победата на Света Рус“ и таа е практично маркер за лојалноста кон властите. Повеќето руски свештеници немаат проблем да ја читаат, додека за некои таа е спротивна на христијанската и пастирска свест и затоа дел од нив или ја пропуштаат, или ја видоизменуваат. Но сите тие обиди се под строги санкции.

Воведувањето на оваа воена молитва е класичен пример за политичка злупотреба на верата во услови на диктатура. Светата Литургија се користи како дел од државната пропаганда.

Свештеници кои заминаа од руската црква поради антивоените ставови веќе основаа сајт „Мирвсем“ за помош на лишените од чин свештеници и нивните семејства.

3 COMMENTS

  1. Запрепастува злорадоста со која ги следите тие појави и чудовишното акцентирање на реакциите на Светиот Синод на Московската Патријаршија кон непослушноста на поедини свештеници кон нивните Епископи. Значи, свештеник не е некоја професија која кореспондира со современите либерално-демократски идеали. Свештеникот е човек кој е постојано свесен за својата пред се’ духовна позиционираност кон Епископот и човек кој е должен да странствува од овој свет и од гордоста на својот ум: имено, тој е војник во духовната армија на Епископот, којшто впрочем е неговиот духовен генерал, особено кога се во прашање богослужбите. Нема свештеник во Помесна Православна Црква којшто не е свесен за тоа. Свештеникот не смее ни да помисли да скршне од светотаинските насоки коишто му ги дал неговиот Епископ, а камоли и самиот Свет Синод заедно со Поглаварот на целата Помесна Црква (особено ако целото Стадо, сиот клир и целиот верен народ се известени за конкретната одлука на Светиот Синод и ако отстапките од наложеното постапување во богослужбите веќе биле строго отфрлени, а нивните практикувачи дури и расчинети). Јасно е дека секој свештеник којшто не ги почитува зададените препораки за текот на богослужбата, и тоа во случајов во поглед на ектенијата за армијата – пастирски злодејствува, колку и да се чини човекољубиво неговото однесување. Последиците од неговото свесно непослушание се: сеење семе на непослушание кон Епископите на Помесната Црква чиј член е самиот, сеење недоверба меѓу духовните чеда кон светоста на тие Епископи (веројатно дури и кон оној којшто него го ракоположил за свештеник), кое од друга страна значи и големо искушение за самите верници, раздор и бранување меѓу свештенството меѓусебно и кај верниот народ …, значи удирање по самите бедеми на Црквата како соборно духовно здание, растурање на макотрпно стекнатите плодови низ долгогодишен подвиг којшто впрочем и немал врска со тековната војна… со други зборови свештеникот кој му е непослушен на својот Епископ, Свет Синод итн. (особено за толку сериозна работа) веќе самиот се одлачил од Телото Христово и не може да биде ниту богослужител ниту духовен отец. Расчинувањето е само констатирање на неговата фактичка духовна состојба. Секако дека вообичаено му се дава можност за покајание на отстапникот, но заради неговото исклучително значајно место во духовниот живот на голем број луѓе доколку остане упорен во своето отстапништво нема што да се прави. Кога човек ја следи логиката на својот паднат ум и дури и на дело ја претпочита неа наместо словото на својот духовен отец, длабоко ќе падне; потоа дури и да го смени духовникот, како што денес некои од овие свештеници одат и се жалаат на пр. кај Цариградскиот Патријарх, нема да стане попосветен во односот кон новиот Епископ под чие раководство ќе служи ниту духовно ќе порасне доколку не се отрезни од високата идеја за самиот себеси и не научи да го потчини умот на друг ум: на својот Епископ секако. Инаку, Руската Православна Црква во последниов период развива толку беспримерно плодни пастирски активности кои се вредни за воочување што
    немам зборови со коишто би можела да ви се заблагодарам за поттикот да ги истражувам малку поревносно.

    • Матеј 23:
      1. Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои,
      2. говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
      3. Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
      4. врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат;
      5. и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека;
      6. сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,
      7. и поздрави по улиците, и да им велат луѓето »учителе, учителе!«
      8. А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа;
      9. и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата;
      10. и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник – Христос.
      11. Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга;
      12. зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.
      13. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.
      14. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
      15. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
      16. Тешко вам, водачи слепи, кои велите: »Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е.«
      17. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?
      18. Исто така велите: »Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е«
      19. Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?
      20. А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него;
      21. и кој се заколне во црквата, се колне во неа и во Оној, Кој живее во неа;
      22. и кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
      23. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
      24. Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате.
      25. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со
      грабеж и неправда.
      26. Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
      27. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија;
      28. така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
      29. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ѕидате гробници за пророците и ги украсувате спомениците на праведните,
      30. па велите: »Ако живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците«.
      31. А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние, што ги убиле пророците.
      32. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши.
      33. Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
      34. Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги биете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
      35. за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
      36. Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род.
      37. Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте.
      38. Ете, ви се остава вашиот дом пуст.
      39. Оти, ви велам: нема да Ме видите отсега дури не кажете: »Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!«“

    • Дали кога некој маж се претставува со женско име по сајтовите е знак за приврзаност на џендер идеологијата? Или пак само си ја прикажува местоположбата при играњето на машки ора за рамо?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img