Римокатоличката црква и Московската патријаршија до последна точка го усогласиле текстот на декларацијата што Папата Франциск и Патријархот Кирил, в петок во Хавана на Куба ќе ја потпишат по историската средба на двајцата највлијателни поглавари во христијанството.
Текстот на декларацијата ќе биде познат пред состанокот на 12 февруари, а новинарите ќе ја добијат пред потпишувањето.
-Двете страни до детали го разработија текстот на декларацијата. Декларацијата ќе биде дистрибуирана на четири јазици за да може пошироката јавност да ги разбере пораките подобро и побргу, изјавил папскиот нунциј во Русија, Иван Јурковиќ.
Инаку познати се и луѓето кои ќе бидат преведувачи. Литванскиот свештеник Висвалдас Кулбокас ќе биде преведувач на состанокот. Кулбокас, кој моментално е член на дипломатската служба на Светата Столица, беше и преведувач на состанокот меѓу Папата и рускиот претседател, Владимир Путин во јуни 2015 година.

