МПЦ-ОА ќе органицира протест против спорените закони за родова еднаквост

Date:

Share post:

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за  достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, е неприфаќањето на сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост.

-На денешната редовна седница, Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството особено за неговата основна клетка- семејството,велат од САС МПЦ- ОА.

Синодот будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие Закони и оценува дека во ситуација мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред се децата.

-Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ спомнат во член 23 т.5 од предлог-законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони“, заклучил Синодот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бесплатни верски календарчиња за Македонците во Албанија од МПЦ

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 година, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република...

Митрополитот Киевски: Нашата Црква надмина многу предизвици

Третиот форум на воени капелани на Православната Црква на Украина денес официјално беше отворен во просториите на Киевската...

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, со благослов на Митрополитот Георгиј ќе служи во Рајчица

Mитрополитот на Имврос и Тенедос,  Кирил од Вселенската патријаршија ќе биде повторно гостин на МПЦ-ОА. Бигорскиот манастир објави...

Иванов на гости кај Георгиј

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со учесниците на 16-та школа за млади лидери, што се одржува во Охрид,...