Продолжуваат различните толкувања во македонската и во српската јавност во кој правец се движи црковниот проблем и што практично значи одлуката на Соборот на СПЦ и одлуката на Синодот на МПЦ-ОА утре да служи заедничка литургија со владиците на СПЦ.
Додека во Македонија, Синдот на МПЦ-ОА тврди дека МПЦ барала од СПЦ автокефалност, а не автономија, СПЦ тоа го толкува поинаку. Идентични се и ставовите на аналитичарите во Србија.
Александар Раковиќ, идеологот на доктрината Српски Свет, и близок човек до Патријаршискиот двор, вели дека сега засега состојбата останува ваква, а тоа е автономија на МПЦ-ОА од 1959 година. За автокефалност, вели е долг процес кој ќе следува.
-МПЦ сега доби Патријарх, тоа е Патријархот Порфириј. Проблемот сега е решен, а за автокефалноста ќе следува долг процес, вели Раковиќ.
Според него сега се вратени сите српски духовни светињи во Македонија во рамки на СПЦ.
Во македонската јавност се уште постои дилемата за искреноста на СПЦ околу крајната цел. Ако се следат изјавите на тамошните аналитичари, тие јавноста не ја подготвуваат за автокефалност, туку сосема спротивно.
Владиката Тимотеј денеска изрази надеж дека СПЦ во следните денови ќе испрати писмо до ВСеленската Патријаршија во кое ќе ја претстави МПЦ за автокефалност и дека практично во меѓувреме нема ништо да се промени. Сепак, стравот кај јавноста е што доколку не се случи таква одлука. Искуствата од шеесетите покажуваат дека СПЦ таквата одлука ја одлагала од Собор до Собор, што е и главната причина за автокефаноата одлука од 1967 година. Претпазливоста е дека историјата сепак може да се повтори.
Погледнете го интервјуто.

