Руската црква им се заканува со раскол на владиците од УПЦ-МП кои прекинаа да го спомнуваат Патријархот Кирил во Богослужбите

Date:

Share post:

Руската православна црква почна да им се заканува на владиците од Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија, кои прекинаа да го споменуваат Рускиот патријарх Кирил за време на Богослужбите.

Прес-службата на Патријархот Московски и на цела Русија објави резолуцијата за одлуката на митрополитот Сумски и Ахтирски Евлогиј од 1 март 2022 година, во која ми посочува дека со тоа што прекинал да го споменува Рускиот патријарх за време на богослужбите во Сумската епархија прави раскол.

-Жалам за вашата одлука да престанете да го спомнувате Патријархот Московски и на цела Русија на богослужбите. Би сакал да наведам како пример на прот. Григориј Прозоров, кој не го прекинал споменувањето на името на митрополитот Сергиј, сè до 1942 година, т.е. до неговото апсење и смрт, на богослужбите во единствениот храм на МП во Берлин за време на војната. Прекинувањето на спомнувањето на Претстојателот на Црквата, не поради верски или канонски грешки, или заблуди, туку поради неусогласеност со одредени политички ставови и преференции, е раскол за кој секој што ќе го изврши ќе одговара пред Бога и не само во идниот век, туку и во сегашниот, стои во резолуцијата потпишана од раководителот на Административниот секретаријат на Московската патријаршија, г. Тома епископ Одинцовски и Красногорски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img