Околу 200 свештеници, ѓакони и дел од повисокиот клир на Руската православна црква потпишаа иницијатива за преки на војната во Украина, откако пред два дена рускиот патријарх застана за одлуката на Владимир Путин во интервенцијата во Украина.
-Ја почитуваме човековата од Бога дадена слобода и веруваме дека народот на Украина мора да го направи својот избор, а не под присила на автоматите, без притисок од Запад или Исток, пишува меѓудругото во апелот, кој е поставен на инитернет и кој првично го потпишаа стотина руски свештеници.
Во продолжение целиот АПЕЛ
„Ние, свештениците и ѓаконите на Руската православна црква, секој во свое име, апелираме до сите од кои зависи прекинот на братоубиствената војна во Украина, со повик за помирување и итен прекин на огнот.
Овој повик го упатуваме по недела на Судниот суд и во пресрет на сирупската недела.
Страшкиот суд ги очекува сите. Ниту еден земен авторитет, ниту лекарите, ниту обезбедувањето нема да не заштити од овој суд. Загрижени за спасот на секој што се смета себеси за дете на Руската православна црква, не сакаме тој да се појави на овој суд, носејќи го тешкиот товар на клетвите на неговата мајка. Потсетуваме дека Крвта Христова пролеана од Спасителот за животот на светот ќе биде примена во Тајната на Причест не за живот, туку за вечна мака од оние луѓе кои даваат наредби за убивање.
Жалиме за тешкото искушение на кое незаслужено беа изложени нашите браќа и сестри во Украина.
Потсетуваме дека животот на секој човек е бесценет и единствен Божји дар и затоа им посакуваме на сите војници – и руски и украински – да се вратат во своите домови и семејства живи и здрави.
Огорчено размислуваме за овој јаз што нашите деца и внуци во Русија и Украина ќе треба да го премостат за да почнат повторно да се дружат, почитуваат и сакаат.
Ја почитуваме човековата од Бога дадена слобода и веруваме дека народот на Украина мора да го направи својот избор, а не под присила на автоматите, без притисок од Запад или Исток.
Во пресрет на неделата на прочка, ве потсетуваме дека рајските порти се отворени за секого, дури и за најгрешниот човек, доколку побара прошка од оние што ги понижил, навредил, презрел или од оние што биле убиени од неговите раце, или по негова наредба. Нема друг пат освен простување и меѓусебно помирување.
„Гласот на крвта на твојот брат вика кон мене од земја; и сега биди проклет од земјата што ја отвори устата да ја прими крвта на твојот брат од твојата рака“, му рекол Бог на Каин, кој му завидувал на својот помал брат. Тешко на секој човек кој ќе сфати дека овие зборови му се упатени лично.
Ниту еден ненасилен повик за мир и прекин на војната не смее насилно да се потиснува и да се смета за кршење на законот, бидејќи таква е божествената заповед: „Блажени се миротворците“.
Ги повикуваме сите завојувани страни на дијалог, бидејќи нема друга алтернатива за насилството. Само способноста да се слушне другиот може да даде надеж за излез од бездната во која беа фрлени нашите земји за само неколку дена.
Сите да влеземе во Великиот пост во духот на верата, надежта и љубовта.
Запрете ја војната.

