Епископ на Православната црква на Украина, денеска објави информации за спречен обод на саботери во манастирот Свети Архангел Михаил во Киев, кои ги поврза како руска диверзантска група која има за цел да ја нападне Православна црква на Укрина.
Веста ја објави и радиослободна европа, а во нејзе Архиепископ Евстатиј Зорја вели дека чуварите на манастирот Свети Архангел Михаил со Златните куполи неутрализирале руска диверзантска група која се обидувала да навлезе во областа.
-Митрополитот Епифаниј им се заблагодари на чуварите за нивната будност. Познато е дека Путин во својот говор пред војната го опиша постоењето на Црква зависна од Русија како едно од неговите тврдења против Украина. Ова е познато и од меѓународните партнери, според нивните списоци на терористички цели што ги составиле окупаторите: лидерите на украинското општество и држава. Овие објави, како и информациите што во моментов не може да бидат објавени, а се добиени од украински и меѓународни извори, дадоа причина да веруваме дека една од целите на рускиот тероризам е и претстојателот на Православната црква во Украина, вели овој епископ на Православната црква на Украина.
Сепак, оваа вест ја нема на официјалната страница на Православната црква на Украина.

