Епифаниј до Кирил – Ако неможете да го кренете гласот против агресијата, помогнете барем да се соберат телата на руските војници од Украина

Date:

Share post:

Поглаварот на Православната црква на Украина, Митрополитот Епифаниј испратил писмо во Рускиот патријарх Кирил во кое бара од него да има милост кон загинатите руски војници во Украина и да озвозможи пренесување на нивните тела во Украина.

Епифаниј во писмото пишува дека четврти ден продолжува неиспровоцираната агресија на Русија, земјата чијашто православна црква ја предводи Кирил – против Украина и како резултат на таа војна милиони луѓе страдаат, стотици илјади деца, жени и постари лица се принудени да бараат побезбедно место со напуштање на своите домови.

-За жал, од вашите претходни јавни изјави стана јасно дека одржувањето на добрата волја на Путин и на раководството на Руската Федерација ви е многу поважно од грижата за народот на Украина, од кои некои ве сметаа за свој пастор пред војната. Затоа едвај има смисла да бараме од вас да направите нешто за веднаш да ставите крај на руската агресија врз Украина. Но, сепак се надевам дека, барем во однос на вашите сопствени сограѓани, од кои повеќето се православни христијани, ќе најдете духовна сила да покажете хуманост и грижа. Станува збор за повеќе од три илјади загинати руски војници, чии тела се на територијата на Украина. Раководството на нашата земја веќе апелираше до Меѓународниот Црвен крст да помогне во враќањето на телата на руската војска назад во татковината за да можат нивните роднини и пријатели да се простат од нив и да ги погребаат. За жал, досега нема одговор од Русија. Затоа ви се обраќам вам, помилувајте ги барем вашите сограѓани и паства. Ако не можете да го кренете гласот против агресијата, барем помогнете да се соберат телата на руските војници чии животи беа цената на идеите на рускиот свет – вашите и на вашиот претседател, напишал Епифаниј во писмото до Рускиот Патријарх Кирил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img