Порфириј: Секој втор мафијаш во Србија има орден од СПЦ

Date:

Share post:

Скандал ја тресе Српската православна црква. Срапската телевизија Нова С објави аудио снимка на сегашниот Патријарх Порфириј, кој во своиство на поранешен митрополит Заагребачко-љубљански отворено ја напаѓа СПЦ за блискост со мафијашки структури, кои добивале ордени од СПЦ и на тој начин комплетно го девалвирале овој модел на одликување, што го прави СПЦ.

-Орденот не значи ништо, одликувањето е толку девалвирано… за тоа кој се доби ореден, кој не добил орден, секој втор мафијаш во Србија доби орден од СПЦ, вели во аудио снимката тогашниот Митрополит, а сега Патријарх Порфириј.

Нова С, тврди дека снимката е од предавање пред студентите на Богословскиот факултет во 2019 година, а поврзана со теми на разговор кои ја скандализираат СПЦ, но и за состојбата на Косово.

Во продолжение Порфириј поминува на тема, која очигледно била и повод за неговиот остар говор, а е поврзана со доделувањето на оденот од СПЦ на претседателот Александар Вучиќ истата таа 2019 година.

Слушнете ја изјавата на Порфириј, што ја тресе српската црковна јавност. НА ОВОЈ ЛИНК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here