За периодот додека трае кризата во Грција од 2005 година до 2015 година, Грчката црква платила 1. 130. 422. 739 евра даноци со кои биле оданочени активностите на нејзините 3 738 добротворни организации, меѓу кои старечки домови, сиропиталиштата, медицински центри и др.
Овие податоци соопшти Атинскиот Архиепископ Јероним за време на седницата на широкиот состав на Грчката црква. Само за изминатата 2015 година оданочувањето изнесува 126 милиони евра. ГПЦ предупредува дека ваквото даночно оптоварување ќе ја принуди Грчката Црква да затвори многу од овие институции, кои во ова тешко за луѓето имаат значајна улога за олеснување на последиците од кризата на секојдневно ниво.
Атинскиот Архиепископ исто така, објави дека приходите од црковната сопственост за изминатата година изнесуваат 8 милиони евра, а трошоците ги надминуваат 10 милиони. Тоа значи дека Црквата имала загуба од 2 милиони евра.

