Во Скопје ќе се случи првата масовна Литија за Богородица

Date:

Share post:

Во Скопје ќе се случи првата голема црковна литија што на 20 септември ќе ја организира Скопската Епархија и Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.

litija-skopjeВеличествениот чин на прославата на „Рождеството на Пресвета Богородица“ ќе почне во вторникот во 17 часот со вечерна богослужба, а потоа литијата ќе ги обиколи скопските улици.

Утредента, на 21 септември, утринската богослужба ќе започне во 7:30 часот, а Светата Литургија во 9:00 часот.

Овој начин на прослава на овој празник ќе се случи со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Македонската православна црква ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје, или „Мала Богородица“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img