Осветен крст во црква во гостиварско

Date:

Share post:

Тетовско-гостиварскиот Митрополит, г. Јосиф на 26.07.2016 година, го осветил новиот крст во дворот на храмот посветен на „Св. Архангел Гаврил“ во с. Тумчевиште – Гостиварско.

6Истиот ден Митрополитот г. Јосиф во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар го благословил патот на коњаницата која тргна од Гостивар за Крушево. Благословен и среќен пат им посакаа и претседателот на здружението г. Маноил Јаковлески како и сите присутни кој во мигот на испраќањето беа во Соборниот храм во Гостивар.

-Света должност на секој Македонец е да ги продолжува традициите и да го чува споменот на нашите предци кои веруваа во слободна и независна Македонија. Нивните жртви не потсетуваат дека нема ништо посвето од борба за слобода на својот народ, и создавање на своја држава. Македонија е свето име испишано со крвта на генерации Македонски синови, на кој вечно ќе им одаваме почит, им порачал Митрополитот пред тргнувањето на коњаницата на патот кон Крушево.

/Фото: ТГЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img