Илјадници верници дојдоа вчераутрото на рамазанската намаз молитва во Џамијата во Москва. Поради големиот број верници утринска молитва била организирана и на улиците околу џамијата, кои биле блокирани за сообраќај поради прославата на Рамазан Бајрам.
Руската полиција имала и засилени мерки за безбедност, а на влезот од џамијата имало и детектори за метал, со цел превенција од можни терористички напади.
Рускиот претседател, Владимир Путин и премиерот, Димитриј Медведев имале и специјални обраќања за муслиманскиот празник.
/РЕЛИГИЈА.МК

