Теоретичарите на заговори препознаа почеток на крајот на светот во Соборот на Крит

Date:

Share post:

Освен што одржувањето на Светиот и Голем Собор на Крит го следат голем број на информации за неединството и можните дополнителни ескалации во релациите со православните цркви, овој Собор стана тема на интерес и на теоретичарите на заговори.

Тие во неговото одржување препознаа и демони и негативности, но и почеток на крајот на светот.

Имено, според нив постоело верување дека одржувањето на овој Собор, подготвуван околу 60 години,кој е прв по повеќе од 1200 години претставува почеток на крајот на Светот.

Овие теоретичари на заговори интензивно ги следат случувањата на Соборот, особено поради тоа што сметаат дека токму поради предвидувањата за крај на светот тој не се ниту одржувал со векови.

Според нив особено спорен е и датумот на почетокото, во кој го препознаваат демонскиот „666“. Соборот беше свикан на 16.06.2016 година, тогаш претставниците на православните цркви дојдоа на Крит.

-Тврдам дека овој Собор ќе се одржи во знак на сатанистичката нумеролгија. Соборот е закажан за 16,06.2016 година по Христос, но тоа не е единственото каде демонскиот број се појавува. Присутен е и во бројот жители на Крит – 623.666, но и во геогравската ширина и должина на која се наоѓа овој грчки остров кој ги дава трите петки, што е бројчан израз за пентаграмот, тврди Раде Јанковиќ, во своето дело „Борба за Вера“.

Од друга страна, нумерологот Невена Џукиќ смета дека во датумот на почеток како и одржувањето на Соборот нема ништо спорно.

Инаку интересно е да се напомене дека изминативе неколку денови во интернет јавноста се шири и уште едно претскажување за крајот на Светот, но како претскажување на монаси од Света Гора.

Според нив крајот на Светот ќе дојде како резултат на востоличувањето на новиот Цар на Русија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img