Највлијателниот интернет портал за црковните прашања во Грција „Ромфеа“ ги полвлече своите репортери од Соборот на Крит.
Причината поради која тоа го прави е неможноста за професионално известување и слободен пристап до работата на Соборот поради огромните мерки за безбедност и централизираната поставеност на организаторите на Соборот.
-Сите овие години, Ромфеа беше поддржувач на одржувањето на Светиот и Голем Собор. Ние ги осветлувавме усилбите на Константинополскиот Патријарх за одржување на соборот, кој би го запечатил единството на православните. Но мерките за безбедност се многу строги и нема никаков пристап до местото на одржување на Соборот. Дури и акредитираните фотографи и новинари, ако можат нешто да направат… тоа е да се шетаат со беџот, го објави сајтот ставот на уредувачкиот тим.
Инаку, покрај Ромфеа на затвореноста на Соборот се жалеа и голем број светски медиуми, посочувајќи дека информациите можат да се добијат само преку официјални канали за информираност, кои пак се строго регулирани.

