Почетна Коментар Зошто владиката Петар наместо в црква, заврши во полиција?
Зошто владиката Петар наместо в црква, заврши во полиција?

Зошто владиката Петар наместо в црква, заврши во полиција?

3.69K
7

Зошто и како Владиката Петар се најде пред австралиските полициски служби на распит е прашањето на кое официјално се уште нема никаков одговор, а во принцип е исклучително важно.

Денот осамна со веста од Австралија дека Владиката во придружба на двајца детективи бил приведен до полициска станица, откако претходно тие го посетил во домот каде тој престојува во Мелбурн. Владиката Петар потоа со изјава демантираше дека станувало збор за приведување, туку дека бил повикан на распит во полиција за да даде исказ за некој случај кој наводно бил поврзан со игумените на МПЦ во Австралија, Гаврил и Никодим.

Обидот да се демантира дали станува збор за приведување или самоиницијативно одење во полиција, во моментов е најмалку важен. Многу поважно е што еден епископ на МПЦ во Австралија има работа со органите на прогонот. Наместо во црквите и манастирите, тој време поминува во полициска станица, а изминативе две децении и по судските палати.

Речиси неверојатно е и обвинувањето кое Владиката Петар денеска го упати на адреса на Митрополитот Наум, дека тој стоел зад овој случај, со оглед на тоа дека во Австралија не функционираат работите баш така како што функционираат на Балканот. Па приказната за наводни местенки од „моќниот Наум“ од овде во Австралија, ретко кој може да ги апсорбира за веродостојни. Многу поверодостојно е дека сепак нешто таму преку океанот е проблем и тоа веројатно од доменот на кршење на закони, штом австралиската полиција се вмешала.

Во недостаток на официјална потврда за што точно станува збор, во јавноста се вртат најмалку две приказни. Едната е блиска до тезите на Владиката Петар, дека станува збор за некаков спор меѓу двајцата игумени на МПЦ, а другата пак дека токму владиката Петар е во центарот на истрагата.

Она што засега со сигурност може да се потврди е дека во случајот се уште нема обвинение, туку процесот е во предистражна постапка, а во таква ситуација австралиските полициски служби не даваат официјални информации.

Кои се двете неофицијални и непотврдени можни сценарија?

Едното според кое Владиката Петар наводно е предмет на некаква предистражна постапка за административно-право функционирање во Австралија. Наводно се споменува некаков случај од доменот на финансиско работење на епархијата и обид да се избегне плаќање на судските трошоци од децениските спорови преку незаконско оттуѓување на црковен имот и функционирање на Владиката Петар под двоен идентитет во Австралија. Митрополитот Петар овие информации во целост ги демантира, а за воља на вистината барем досега нема никакви официјални документи кои би потврдиле дека тоа е причината зошто тој се најде во полициска станица.

Другото сценарио, кое според добро упатените, е многу поверојатно е дека станува збор за некаков случај меѓу Игумените Гаврил и Никодим. Такво нешто денеска тврдеше и самиот Митрополит Петар, посочувајќи „дека тие двајца се клеветеле, а полицијата барала од него да каже што знае“, на што Владиката пред полиција кажал дека ништо не знае.

Според информациите објавени во австралиските медиуми уште во февруари оваа година, Игуменот Никодим веќе подолго време бил предмет на истрага од австралиската полиција. Точно е дека случајот е поврзан со Игуменот Гаврил. Според некои наши информации станува збор за прекршување на закон во Австралија кој се однесува на злоупотреба и кражба на лична пошта и незаконско следење. Имено, тоа го правел Игуменот Никодим, а оштетен е Игуменот Гаврил. Но, зошто Владиката Петар би бил дел од овој случај? Наводно, Игуменот Никодим пред полиција дал исказ дека тоа го правел по налог и барање на Владиката Петар. Дали и колку тоа е вистина, засега нема официјално потврда од ничија страна.

Во приказната има и уште еден факт. Во февруари оваа година, Владиката Петар кога беше во посета на Австралија добил покана за распит во полиција. Но, тој не се појавил, а според Македонците во Австралија тој тајно ја напуштил Австралија и се вратил во Македонија. За таа вест тогаш пишуваа медиумите.

slika marjanДобро упатените велат дека можеби токму неотповикувањето на првата покана и заминувањето од Австралија, го подгреало сомнежот кај австралиската полиција, која утрово испратила детективи да го посети Владиката откако претходно регистрирала негов влез во Австралија.

Пишува: Марјан Николовски

Коментар(7)

  1. Ako nekoj e povikan na razgovor so policija, toj e povikan vo vreme koe nego mu odgovara. Ako nekoj e povikan na ispituvane za nekoe delo ili dela, togas e sobran od doma vo policiska kola. Ima golema razlika megu ovie slucaevi vo Avstralija.

  2. Не ми се верува дека оваа сага продожува!!

    Ми остана во очи оваа изјава:
    „Другото сценарио, кое според добро упатените, е многу поверојатно е дека станува збор за некаков случај меѓу Игумените Гаврил и Никодим. Такво нешто денеска тврдеше и самиот Митрополит Петар, посочувајќи „дека тие двајца се клеветеле, а полицијата барала од него да каже што знае“, на што Владиката пред полиција кажал дека ништо не знае.“

    Жално е да се види како Владика ги нарекува јавно своите чеда клеветници по јавни медиуми. Зарем таа изјава не го прави и него клеветник…

    Според општото правило, Владиката треба да знае што се случува меѓу неговиот клир, за да ги заштити доколку се тргнати во погрешна насока.

    Зарем со оваа изјава самиот не се побива себеси, или всушност јавно изјавува дека ….?

    Сите сме повеке од свесни дека е сосема во тек барем за финансиски обврски во Епархијата,…зарем истото не се однесува и на работите мегу свештенството?

    А гледам дека и има напади кон владиката Наум, што е многу интересно.
    Па ако он е толку моќен да има влијание на друг континент, можеби тој треба да биде владика на овие простори и да го разреши овој голем проблем.

    Koj и да е владика од Македонија, нека дојде, и сигурно за еден ден ќе реши се.

    Господ да не чува сите!

  3. Ne mi e jasno zosto se dozvoluva od strana na Sinodot ova da se slucuva vo Avstralija, bruka za site makedonci koi sme ovde i tamu,. ovoj gospodin Petar kako bilo da go narekuvaa t so negovata uloga vo crkvata nasa tamu, treba da prevzeme G.G. stefan nesto drasticno, a i toj bil tamu znae sto se se slucuva i nisto ne se prevzima. Predlog hristijanski: VEDNAS DA SE NAPRAVI ROKADA , DA SE ZAMENAT SITE TAKVI SO NOVI SVESTENICI, KOI GI IMA DOSTA , OBRAZOVANI, KULTURNI, I VERODOSTOJNI, I DA SE zanimavaat so nasata sveta religija, a ne so biznisi, za sto se slusa so decenii, kolku vreme treba da se prevzeme nesto . Ajde dedo Stefan pokazi se, dosta ja brukaat nasata Crkva vo Avstralija, SMENI GI !!! Pozdrav do semejstvoto Jazevski vo Avstralija.

  4. Доколку имало нешто нелегално сигурно ќе бил приведен,а сигурно бил повикан поради клевети од негови соработници и непријатели кој сакаат одмазда затоа што ги бркал од црква и да го оттргнат од кај доларите.

    1. Сигурно си во право, полицијата во Австралија игра миженка и се занимава со рекла-казала муабети, оти си нема друга работа 😉

  5. Vreme e vladikata Petar do si zamine. Znaeme slatki mu se parickite, ama dosta mu e. SAS na MPC mora da donese odluka da go trgne of tukasto pobrzo.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *