Почетна Вести Заврши уште еден летен камп по веронаука во Бигорски
a-15
a-14
a-13
a-12
a-11
a-10
a-9
a-8
a-7
a-6
a-4
a-3
a-2
a-1 (1)

Заврши уште еден летен камп по веронаука во Бигорски

364
0

Во Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, кај дебарското село Рајчица, заврши четвртот, од предвидените седум летни кампови по веронаука.

Според сестра Ефимија од манастирот во Рајчица, измнатите денови Бигорски и Рајчица ја поминале во атмосфера на детска радост и љубов со четриесеттна деца од Радовиш и Струмица.

– Уште еднаш имавме можност да видиме на дело една прекрасна преобразба на детските души. Бидејќи детските души се како најчисти, најнежни цветови и огреани од светлината на Христовата љубов, напоени со „водата која тече во вечен живот“, на живоносното Христово слово, тие се преобразија во прекрасни миризливи и раскошни кринови, кои блескаат и насекаде сведочат со чистото белило на Христовата вера, љубов и надеж, вели сестра Ефимија.

Децата посебна благодарност искажуваат за игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, што благословил да дојдат тука и со несебична грижа и безусловна љубов ги примил во манастирските прегратки.

Инаку, на четирите, до сега одржани летни кампови, во двата манастира престојуваа над 150 деца од повеќе градови од државава. Тие  се запознаваа со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваа и во практични манастирски задолженија.

Денеска почнува петтиот летен камп, а манастирски гости ќе бидат четириесеттина деца од Охрид.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *