Почетна Вести АЛО: СПЦ не ги отвора портите на Прохор Пчиснки за Македонија
АЛО: СПЦ не ги отвора портите на Прохор Пчиснки за Македонија

АЛО: СПЦ не ги отвора портите на Прохор Пчиснки за Македонија

254
0

Српскиот портал, „Ало“, тврди дека лично Патријархот Иринеј и Српската православна црква не дозволуваат македонска државна делегација да го посети манастирот „Свети прохор Пчински“ на втори август и да го одбележи националниот празник на Македонија.

Порталот, пишува за барање за прослава во манастирот, што премиерот Зоран Заев го испртаил до СПЦ, а на што спрските влаици одговориле негативно.

– Патријархот Иринеј е категоричен за забраната. Како што вели, сè додека не се поправи статусот на СПЦ и на нејзините свештеници во Македонија, нема разговори за можноста да се дозволи каква било делегација од Скопје да го посети манастирот во Србија и во него да го обележува Илинденското востание. Самиот патријарх Иринеј и патријаршијата повеќепати барале од македонските власти да се направи нешто по прашањето за статусот на српските свештеници во Македонија, но секогаш наидувале на ѕид во државните институции во Македонија. Патријархот Иринеј е лут и повеќепати повтори: „Нема шанси да дозволам во нашиот манастир да го слават Илинден. Тие сакаа нашите манастири на Косово да им ги дадат на Албанците, па сега не можат во нив да прават свои прослави“ – изјавил анонимен извор на „Ало“ од патријаршијата во Белград.

Порталот пренесува и изјава на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој вели дека само СПЦ може да одлучи дали ќе одобри Македонија да има прослава во манастирот.

– Република Македонија секоја година ни испраќа барање за одржување прослава. Ние, како министерство и Влада, го проследуваме барањето до СПЦ, а оттаму воопшто не добиваме одговор. Тоа е така затоа што станува збор за манастир кој е во сопственост на СПЦ, така што тие мора да се согласат за ова прашање – вели Дачиќ.

Заев вчера во Сараево рече дека Србија е голем пријател на Македонија и дека се надева на дополнителни унапредување на односите меѓу двете земји. Тој, исто така, наведе дека сè уште не добиле одговор на барањето македонска делегација да го прослави Илинден во „Прохор Пчињски“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *