Почетна Вера Заев: Да ги вратиме вистинските вредност
Заев: Да ги вратиме вистинските вредност

Заев: Да ги вратиме вистинските вредност

117
0

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го чествуваат, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Синодот, свештенството и монаштвото.

– Светите празнични денови нека донесат спокој во срцата, насмевки, прегратки, светлина, топлина, радост во домовите и семејствата, почит, љубов, разбирање меѓу луѓето. Следува година на сериозни предизвици во којашто повторно пред искушение е нашата совест, за да си ги вратиме вистинските вредности во нашиот живот и во општетсвото и да си обезбедиме духовен мир и благосостојба.

Само доброто може да се избори со злото, само вистината со лагата, само правдата со неправдата. Овие големи празници нека ја распламтат одлучноста и вербата двигател. Нека секој ја почувствува слободата и одговорноста на својот избор. Ова се моменти кога секој одново ја добива шансата да тргне по вистинскиот пат, тоа е патот кон заедничката среќа.
Имајте убави празнични денови, се наведува во честитката од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *