Почетна Вера Свети Наум го доближи црковното слово до верниците
Свети Наум го доближи црковното слово до верниците

Свети Наум го доближи црковното слово до верниците

159
0

Ivanov sapka 3Македонската Православна Црква го одбележа споменот за за „Свети Наум Охридски Чудотворец“, во сите храмови и манастири. Свечени литургии служеа Владиците и свештениците на МПЦ во сите епархии во Македонија, но и во дијаспората.

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештеници од оваа и од Скопската епархија.

На литиргијата беше присутен и Претстедателот на Државата, Ѓорге Иванов со семејството, што за нив ова е традиционална посета на овој Манастир.

-Секоја година доаѓаме тука да му оддадеме почит на нашиот голем учител Свети Наум Охридски кој е ученик на големите учители Светите Кирил и Методиј. Доаѓајќи и потсетувајќи на неговото големо дело и ние се инспирираме да бидеме како него, да помагаме и да им излегуваме во пресрет на сите на кои што им треба и помош и утеха и на сите оние кои имаат потреба од внимание, вели Претстедателот Иванов.Ivanov sapka 4

-Свети Наум Охридски Чудотворец е еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Тој успеал да го доближи црковното слово до верниците. Во знак на неизмерна благодарност кон неговото дело денес ние молитвено го чествуваме денот на нашиот застапник пред Бога, Св.Наум Охридски – Чудотворец“, вели отец Бобан Митевски, од Скопската Епархија, кој сослужуваше со Митрополитот г. Јосиф.

Ivanov sapka 2

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *