Почетна Вера Вељаноски: Да бидеме истрајни, сплотени
Вељаноски: Да бидеме истрајни, сплотени

Вељаноски: Да бидеме истрајни, сплотени

149
0

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во лично и во име на пратениците и го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик на Македонската православна црква – Охридска архепископија, членовите на Синодот и на архиепископот г.г. Стефан,  посакувајќи им и на сите христијански верници Божик да им донесе многу здравје, среќа, љубов и мир.

– Раѓањето на Исус Христос е највеличенствениот ден, ден кога тој слезе на земјата заради нас и нашето спасение и не научи дека секој човек е подеднакво вреден. Христовото раѓање е најголем настан во историјата на човековиот род, почеток на славењето кон Бога и вреднување на животот и неговото вистинско значење. Kако христијани мора да сме насочени кон почитување на највисоките морални и етички вредности и да сме истрајни во нашите цели, а нашиот стремеж да е насочен кон творење на трајни дела и вредности. Големиот христијански празник нека ни внесе уште поголема љубов во семејството, нека не ослободи од сите негативни чувства и нека ни дава сила да ги чуваме христијанските традиции, да помагаме и да се почитуваме меѓусебно, пишува во честитката на Вељаноски.

Претседателот на Собранието истакнува дека големо е значењето и придонесот на Македонската православна црква – Охридска архепископија во духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, единството и солидарноста.

– Нашите заеднички цели како граѓани на Република Македонија е да работиме за заеднички интерeси, да бидеме истрајни, сплотени и да продолжиме со изградбата на силна, модерна и просперитетна држава за нас и нашите поколенија, наведува Вељаноски во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *