Почетна Коментар Врнишковски бара СДСМ да ја поништи МПЦ и да го инсталира за легитимна црква во Македонија
Врнишковски бара СДСМ да ја поништи МПЦ и да го инсталира за легитимна црква во Македонија

Врнишковски бара СДСМ да ја поништи МПЦ и да го инсталира за легитимна црква во Македонија

3.43K
5

Јовановите приврзаници преку нивниот интернет блог, „Соборно православие“ го повикаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откога ќе ја формира новата влада, да ја поништи Македонската Православна Црква, а потоа веројатно и пара Архиепископот Вранишковски да го инсталира за нова црква во Македонија.

Досетливите стратези на ПОА смислиле и добар начин како тоа да го реализираат, па го советуваат Заев дека МПЦ треба да ја обвини за ширење расна и верска омраза и да отвори судски постапки за наводен криминал. Причината била што МПЦ да ти била поддржувач на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

poa i kralotНо еве што конкретно содржи планот на Јован и неговите молби до СДСМ:

-Затоа Соборно Православие го повикува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во овие тешки моменти за нашата држава, да останат доследни на своите зборови и во првите мигови кога тоа ќе им се овозможи, конечно да ја спроведат неселективно правдата, вклучувајќи истрага и кон МПЦ и сите нејзини инкриминирани дејствија кои таа ги имаше последниве 10 години со горе споменатата партија. Од финансиската помош која ја добиваше, донациите, денационализацијата, не можноста да се види кој епископ бил соработник на службите на штета на сопствениот народ, па се до последниот ангажман на отворено агитирање на МПЦ во корист на ВМРО-ДПМНЕ. А се со цел злото никогаш повеќе да не се повтори.

Соборно Православие е свесно дека пред повеќе години и СДСМ во Собранието на РМ, „со двете раце“ гласаше за извесната “декларација за поддршка на МПЦ“ кога се појави канонската ПОА, и потоа ја бранеше во целиот период на своето владеење. Но, еве им ја сега таа МПЦ која ја штитеа! Во најпотребните моменти МПЦ покажува отсуство на свест за единство на севкупниот народ и се става во функција на една политичка партија, придонесувајќи за безизлезот во кои се наоѓа државата. Според тоа, МПЦ денес не настапува само против СДСМ, таа настапува и против Државата!

МПЦ, преку нејзиното соопштение со кое, таа си зема право да повикува на попис во државата, соопштение со кое конструира невистини и прави паника меѓу верниците, МПЦ преку расколничкиот Митрополит Петар и неговото излегување во првите редови на протестите со целото свештенство во Битола, го крши Уставот во делот на одвоеноста на црквата од државата, и уште еднаш потврдува дека не работи за да си го реши расколот, туку дека работи како организација во служба на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

МПЦ, преку обраќањето на расколничкиот Митрополит Агатангел, со давањето поддршка за одлуката на Ѓорѓе Иванов, свесно повикува на кршење на Уставот на РМ, исто како што и Иванов кристално јасно го прекрши Уставот пред очите на сите.

Според тоа, СДСМ ќе треба час поскоро да ја повика и МПЦ на одговорност, дополнително и за нејзиниот придонес во „предизвикување национална и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по чл.319 од КЗ.

Зошто, ако, во време на владеењето на СДСМ, Архиепископот Охридски, г. Јован беше осуден на казна затвор за ова дело, само заради искажан збор во верско календарче за локална употреба во ПОА, колку ли повеќе треба да одговара МПЦ сега, која вистински, преку нивните соопштенија и настапи на клирот во јавноста, прави сериозен смут во народот, доведувајќи го во заблуда дека „се руши унитарниот карактер на државата и се повредува јазикот“, и отворено повикува на кршење на Уставот и непризнавањето на демократски избраното парламентарно мнозинство, со тоа што ја поддржува Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократската Партија за Македонско Национално Единство и го поддржува Ѓорѓе Иванов!

На овие српскиве инсталации во Македонија, крај не може да им се фати. Знае ли воопшто Иринеј Буловиќ и Амфилохије, кои ставови застапуваат нивните во Македонија, додека тие се уште сонуваат за српско Косово.

Коментар(5)

  1. Go opravduvam stavot i mislenjeto na vladikata Jovan t.n Vraniskovski sto pravilno gi sogleduva sostojbite kaj nas , crkvata e vo potpolnost partizirana pod kapata na VMRO-DPMNE i Gruevski se so cel da se spasi toj i negovite lugje od vrhuskata za storeniot kriminal.Mestoto na svestenite lica e vo crkvite so vernicite a ne na ulica, so zavedeniot i pod pritisok narod, da dolivaat maslo na ognot. Crkvata treba da gi sankcionira tie svestenici sto zaboravile na sekularnosta na drzavata. Uste poloso sto se pod komanda na vladicite i Gruevski.Pa sto da ocekuvame od vladici kako Gn. Petar sto ja ukrade vlaskata crkva vo BT. Cest i pocit na isklucocite koi sekako gi ima.

  2. Византија не постои повеќе, ама Фанар дава пари. Проблем е што дружината на Зоки уште драхмите ги нема потрошено а камоли еврата … не се тие криви … кутрите … ние сме … не еднаш го врвеле Плетвар …

  3. Abe Bulovic i Amfilohie znaat deka nivnive exponenti vo Makedonija se borat protiv se sto e Makedonsko, a osbeno protiv MPC.Tie na celata zamatena rabota samo se dolzni da dofrlat malku kal za da bide uste pozamatena.No znaat tie deka tie se beznacajni vo celava situacija. Ne se tie nikakov kapacitet. se znae deka se prodadeni dusi za sitni pari i deka niv nikoj za
    nisto ne gi uvazuva,
    Tie taka samo ke figuriraat dolgo vreme bez nikakvi efekti, i nikakva polza za SPc ,
    bidejki taa ne se snaodja nitu vo Kosovskata situacija, kamoli pak za situacijata v
    o Makedonija.Znaat tie kakvi kapaciteti se ovie , za pari prodadeni dusi, pa porad
    i toa tie nemaat nikakva vaznost nitu vo ocite na onie koi gi pratile , i ne ocekuvaa
    t nisto narocito od niv, tuku samo da figuriraat. Tie se obuceni da se borat samo
    protiv makedonskoto bitie, a ne da odlucuvaat za nego.

  4. Autokefalnu Makedonsku Pravoslavnu Crkvu tadašnja država FNR Jugoslavija i NR Makedonija priznale su negde oko 1959. godine ( u literaturi se navodi kraj pedesetih godina). Svim ustavnim i zakonskim odredbama koji su potvrđeni u zvaničnom Skopju i Beogradu. Ostalo je još da se definišu odnosi između MPC i SPC u Beogradu ukoliko postoji politička volja, koja je do sada vidimo izostajala. Istočno pravoslavno Hrišćanstvo je nacionalno i autokefalno i po toj praksi prirodno je da kao susedi Bugari, Grci, Srbi pa i Rumuni i Makedonci imaju svoju samostalnu crkvu koja je osim države, jezika i kulture simbol jedne nacije… Polovinom dvadesetih godina 20. veka zvanični Beograd je izdejstvovao tj. platio autokefalnost Albanske Pravoslavne Crkve, negde 1924. godine kako na taj nacin širio svoj uticaj i političke interese u autonomnoj i tek međunarodno priznatoj Albaniji. S druge strane danas zvaničnoj Rumunskoj Pravoslavnoj Crkvi se onemogučava delovanjanje, tj. bogosluženje u crkvama istočne Srbije gde žive manjinski Rumuni i Vlasi. Rumunska pravoslavna Crkva navodi i svoje istorijske razloge za svoj rad i prisustvo među manjinskim Rumunima. SPC taj isti duhovni uticaj i život ima na teritorijama međunarodno priznatih zemalja Republike Hrvatske, Bosne i Hercegovine i Mađarske. Pre svega se preko crkve osim duhovo – pastoralnog života promoviše politički uticaj i interes, tamo gde je država onemogućena da osamostaljenjem i priznanjem suseda ima direktnu kontrolu. Jugoslovenski kralj Aleksandar svoje interese tako je sprovodio u Tirani. I Italija je svoje političke interese i uticaj usmeravala i preko zapadne Rimokatoličke Crkve. Spor oko MPC i SPC pre svega je političke prirode, i od dobre volje političkih elita obe zemlje zavisi i rešenje. Ima li ga na vidiku ?

  5. Вистинските Христијани се Духовно новородени чеда БОЖЈИ, који со соблекле стариот (телесниот, националниот, традиционалниот, …) човек и се облекле во НОВИОТ Човек, Кој што е Христос!
    Таму нема повеќе нити грци, нити, евреи, нити македонци, нити срби, нити турци, нити бугари, … туку се’ и во се’ е ХРИСТОС! Ве молам прочитајте ја 3 глава на Јовановото Евангелије, после 3 глава на Посланието до Колосјаните, после 3 глава на Посланието до Галатјаните, после 3 глава на Посланито до Филипјаните и со БОЖЈИ Благослов ќе увидите дека Светиот ДУХ е Темелот на Вистинската Црква Христова, а не телесната, земаљската, националната, традиционалната, … приврзаност! Светиот ДУХ е бескрајно поважен од иконопоклоничките традиции, кои дури со иконите напред оделе во војни кон своите браќа и соседи, со желба за национална или територијална доминација!
    РАЗБУДЕТЕСЕ за ЖИВИОТ ХРИСТОС а не за цртаните “христоси“ и нивните следбеници!
    ЖИВИОТ БОГ во ЖИВИОТ ХРИСТОС ГОСПОД да ве Благослови сите!
    АМИН!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *