Почетна Коментар Ќе нè биде, само кротко
Ќе нè биде, само кротко

Ќе нè биде, само кротко

7.95K
1

Секој има свои пет минути во животот. Ако му се доволни, тогаш секоја чест. Му завидувам. Мене некако малку ми се, па еве години наназад, и јас си имам свои 10 дена во годината. Ги користам на почетокот на постите.

Сум пишувал и друг пат за тие денови. Тоа се тие денови кога исклучувам телефони, мејлови, ФБ, кога чувам еден таен број за нешто неодложно, и си одам во манастирот во Ново Село. Денови кога комплетно сум off.

Манастирот му доаѓа нешто како оаза од чии ѕидини се разбиваат сите светски грижи. До душа, во поново време и тие стануваат порозни и низ нив да се протне некоја вест. Беља е што се протнуваат баш оние кои не треба. Оние што ќе ти ја срушат идилата. Претпоставувате кои? Секако, оние најглупите. Глупавите се и најупорни, како што се најупорни и оние кои ги измислуваат и се најупорни во нивното пласирање.

И сите тие пласирања на информации си раѓаат ликови како што и секое време си раѓа свои ликови кои, зависно од која страна на политиката ги гледаш, се или екстремно храбри и патриотски набилдани, или се слабаци и предавници. Мислам дека не треба да се напомене дека оние што за едните се јунаци, за другите се платеници нечии, но и обратно, оние кои се оцрнети како платеници се херои на друга маса луѓе.

Прашањето останува отворено, барем за мене, дали сè уште идеите и каузата раѓаат херои, или интересот и користољубивоста се новите инкубатори на јунаци?

И така додека во манастирот одејќи постојано на богослужби се обидуваме да затнеме уши, да затвориме очи за најновите вести додека се трудиме да не се поистоветиме со некој тазе херој, да не заземеме страна и да се молиме подеднакво за сите за да не се издигаат херои преку пролеаната крв на братот, или пак некој паднат случаен минувач да биде и паднат херој, во слободното време со бројаницата во едната, а четката во другата рака, си го фарбаме манастирскиот чардак.

Уиграната екипа, мајсторите Зоки и Аце, покрај работата, ќе скршат и некој муабет и ќе споменат некој локална легенда, па така го спомнаа мајстор Кротки.

Пред неколку години се упокоил, велат. Поточно трагично го загубил животот при извршувањето на својата патриотска должност. Не, не бил борец. Не бил ни шарен, ни тврдокорен. Не бил ни дежурен пишувач на статуси на ФБ или Твитер. Бил сосема обичен мајстор за лепење церади.

Кротки, покрај занаетот, имал и свое хоби. Планинарел, и тоа активно до последните години од својот живот кога ја префрлил осумдесеттата година. Организирал планинарски маршеви на многу места низ државава. Велат дека нема домашен врв кој не го освоил. Одел и по комшиските врвови на маршеви, а потоа и комшиите ги поканувал да уживаат во убавините на нашите височини. Живеел скромно. Кога ќе го прашале мајсторе, треба ли нешто, смирено ќе одговорел:

– Пиво има, сė има.

И ќе праша некој, добро, во што се разликувал овој човек од сите други, и во што се гледа тој негов патриотизам? Каде е неговото херојство?

Епа, ова старче, откако ќе завршел со дневните обврски, скоро секојдневно ќе го јавнел својот стар точак на кого претходно ќе ја заврзел лопатата и ќе излезел надвор од Стојаково. Возел дотаму до каде што ќе ја видел првата дупка на асфалтот. Тогаш ќе застанел, ќе се симнел од точакот, ќе ја одврзел лопатата и ќе донел земја или песок со неа за да ја санира дупката. Не возел кола, но не сакал оние што возат да ги оштетуваат своите.

Еден ден, одејќи повторно да поработи за добро на другите, автомобил удира во неговиот точак. Кротки тука го завршува својот живот. Кротко, без да излегува по телевизиски дебати за да објаснува кој го удрил и да се удира во гради. Кротко, без да се фотографира за ФБ како фрла бои кон институции во кои се сомнева дека не си ја извршуваат како што треба својата работа. Кротко, без да влече две ленти пред Влада, една црвена и една жолта, за да оцрта граница преку која не смее да се пречекори. Кротко, без да изусти збор, нит на македонски, нит на албански.

Едноставно, заминал кротко, како што и живеел. Децата од тоа време можеби не знаат дека мајстор Кротки се викаше Томе. Верувам дека не се свесни дека живееле покрај голем патриот и херој. Сакам да верувам дека спомнувањето на овој кроток херој, барем кај некого, ќе го разбуди критериумот за херојство.

Ќе има и Македонија подобри денови. Ќе има, но дури тогаш кога ќе роди повеќе вакви кротки херои кои со лопата во рака ќе мислат на доброто на сите, и на оние кои ги знаат, но и на оние кои случајно ќе минат покрај закрпените дупки на патот. А не херои со ленти и балони полни воздух или боја ќе бидат идеал на народот.

Ќе има кога хероите ќе мислат да го заштитат автомобилот на другиот, а не да му го запалат со молотов коктел. Ќе има кога ќе се возат на точак и ќе ги чуваат колите на другите, а не кога ќе прават патишта, од провизиите да си купат уште поубави лимузини.

Само кротко.

pimennnЌе даде Македонија уште многу кротки херои. Можеби за некои од нив никогаш нема ни да си спомнеме. Сепак ќе постојат, и ќе нè љубат сите и ќе се трудат и борат за наше подобро и покротко утре.

Пишува: Отец Пимен за OFF.NET.MK

Коментар(1)

  1. Prvo krotko se pojaviv vo MPC Sveti Nikola Vo Mainz.Krotko barav da bidam prifaten od nekoja Makedonska familija za da ima so kogo da razgovara majkami na Makedonski jazik koga ke ja nosev vo crkvata i stekne prijatelstvo pa da se odluci so mene zaedno da zivee,da ne bide sama vo Makedonija dodeka se vratime so mojata sopruga za stalno vo Makedonija .Krotko bleev vo crkivniot dvor i samo so Goran sto pred da go otvori imbisot vo dvorot od crkvata se razbiravme bleejki a site drugi ne me razbiraa nitu me prepoznavaa kako bela ili crna ovca no posle mnogu sredbi se osmeli nekoi da me prasa koi sum jas ,mu odgovoriv i jas sam se prasuvam posle tolku sredbi nikoi ne me prepozna nitu kako bela nitu kaki crna ovca,jagne da bev volcite megu sebe ke se podavea ,crkvata uste ne bese osvetena samo klisarot Jovan Sveti Nikola mi go prestavi i se poznavme vo Boga kako negovi slugi.
    Pred osvetuvanjeto na crkvata pokraj site informacii stoese i ponudata za duhovna hrana vo objavata na internet stranicata od MPC Sveti Nikola vo Mainz.
    Pregladnat za duhovna hrana od denovite izminati cekajki nekoi pastor da me nahrani se pojavi vo presret klisarot Jovan so tri jagotki so simbolika na trojstvoto i krotko izbegal od proslavata kade sto vo izobilstvo imalo telesna hrana no go potsetilo na teroristickuot cin od Kumanovo pa sedna do mene neznaejki deka jas predhodno od mestoto na proslavata od istata pricina peski si dojdov vo dvorot na crkvata i vo Eden Moment so klisarot PRI nasite mislovni rasmeni istovremeno se poglednavme i krotko si rekovme ke ne raspnat kako Isis ako pustime Glas koga ke dojdat Teroristite,a za duhovna hrana IC da necekam.
    Germanska familija me primi sto vo Angel Bozji veruva.
    A Makedonzite raskarani koe e pogilem Patriot oslepele duri i na sveto mesto i po osvetuvanjeto.
    Konecno dojde i pastor Otec Antonin i svativ ne sum bil ovca,Sveti Nikola me isceli i preku Otec Antoni za cuvar negov me odredi i site moi grizi Isus preku Svetiot Duh mi gi prevzema edno utro koga vo moilitva i so solzi gledajki vo vleznata vrata od crkvata mi se javi kako vo slika Isus tesejki me so krotok Glas ne sum sirace Bozjo i si go vidov mojot postar brat imaginarno.
    Od togas samo dve kapki solzi na lice mi se isusija koga Sveti Gorgija si ja zema majkami i mnogu znaci Svetiit Duh vodejki me se uste mi otkriva i dresira za veren Sarplaninec me spremi i prvo me nauci da gi duskam skapanite volcji kozi ispod preoblecenite jagneski i ovci,papocnav da gi lajam volcite preobleceni no pastirite se slepi mislat jas sum Volk preoblecen vo ovcja koza i verata pravoslavna sum ja smenil.
    Pa Svetiot Duh me pelzuvase protiv besnilo i sega ne samo sto mozam da lajam nego ke Kasam i predupreduvam.
    Koga nema duhovna hrana za ovcite po liturgiite normalno e zabeganite ovci da gi lajam,no ovcarot e neodgovoren i nema vreme da se grizi za ovcite,racete na vernizite miluvaat pa cebovite tezat,od pusta tezina ovcarot zigarcinja si pali i po nekoe pivce za zivce neznae kako vreme da oddeli pa i post ne mu treba.
    A ovca gladna i zedna gleda i krotko prvo blee pa raskinata od volzi spaß bara i probuva so rogovi da Bode no nema,i poleka gjavolski rogovi pokazuva.
    Na sala lici OVA opisuvanje!
    No baram nekoi so Otec Anronij da me povrze.
    Apostol Pavle koga dosol vo Makedonija ne opisal vo noviot zavet za Sarplaninez,trlo-bacilo bez Sarplaninzi ne go biva.
    Sveti Nikola saka nesto da Kaze i Ikonata vo Trubarevo moite Solzi gi prolea a po osvetuvanjeto na Sveti Nikola vo MPC od levata strana na vratata koga se isleguva zidot se namokri vo prisustvo na Jovan klsarot gledavme i baravme odgovor sto saka da kaze Sveti Nikola.Ne sum Teolog no sluga Bozja i baram Teolozi od MPC da protumacime sto se slucuva vo MPC Sveti Nikola vo Mainz

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *