Почетна Анализа Во ставот на Цариградската патријаршија треба да се чита желбата да се тргне шизмата и тоа е најважно

Во ставот на Цариградската патријаршија треба да се чита желбата да се тргне шизмата и тоа е најважно

548
0

Прво да се отстрани расколот од МПЦ и да ја тргне шизмата, со што македонските владици ќе можат да сослужуваат со владиците на Вселенската патријаршија, а потоа ќе се оди кон процес на потпишување Томос за автокефална црква. Ова го изјавија од Вселенската патриаршија на прашање на грчкиот „Етникос кирикас”, пренесе порталот религија мк.

Од Вселенската патријаршија кажале дека и покрај притисоците и закани на Руската црква, потпомогната со српската и грчката тие немаат намера да отстапат од коенечното решвање на црковното прашање на Македонија. Како коментар за писмата кој до патријаршијата ги испратија премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, се наведува дека направени конкретни чекори кон конечното признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

„Факт е дека веќе со векови постои овој проблем, за чие решение Вселенската патријаршија како Мајка Црква на сите Балкански цркви, но и на други, до денес има направено многу обиди, грижејќи се за единството на Православието. Во овој момент прашањето влезе во нова фаза” пишува Вселенската патријаршија во одговорот грчкиот медиум.

За познавачите на црковните прашаља во земјата ваквиот став на Вселенската патријаршија се одична вест, но прашањето кое сега се поставува е колку долго ќе трае процесот за признавање на македонската црква. Според новинарот Бранко Ѓорѓевски тоа нема да биде предолго, а добро што конечно се процесот почнал.

Пред десетина дена премиерот Заев, а предходо и претседателот пендаровски испратија одделни писма до патријархот Вартоломеј во кое бараа тој да се заложи за признавање на афтокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архепископија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *